Besar Ademi
29 Февруари 2016•Ажурирај: 01 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија оствари средба со делегација на Комисијата за европски прашања на холандскиот парламент, која престојува во посета на Македонија со цел внимателно следење на бегалската криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателката на парламентарната комисија на Македонија за европски прашања, Ермира Мехмети, рече дека освен на бегалската криза, посебен акцент е ставен и на внатрешно-политичките случувања и политичката криза во земјата, како и врз спорот со Грција, кои според неа, во овој момент на сериозни европски кризи ѝ прават поголема штета на земјата.
„Јас, како претседател на комисијата, како пратеник и претставник на албанската заедница истакнав дека е време да се скрши блокадата на симболичен начин, решавање на спорот меѓу Македонија и Грција, бидејќи веќе долго време не сме во можност да се движиме напред, произведуваме спротивставени домашни теми. Поларизацијата се екстремизира и тоа не само политички или идеолошки, туку и етнички. Овој вид на криза е нешто што најмалку и треба на Европа во моментов, ситуација на сериозна криза и растечка нетолеранција во однос на верскиот соживот”, вели Мехмети.
На средбата Мехмети ги истакна актуелните проблеми со кои се соочува Македонија и ја изрази потребата за спроведување на Охридскиот договор како гаранција за етничкиот соживот, како и загриженоста за политичката криза, за која таа вели дека трае долго време и ја држи земјата во затворен круг, произведувајќи внатрешни конфликти.
Делегацијата за европски прашања на холандскиот парламент вчера го посети Центарот за бегалци во Гевгелија, а во текот на денот, освен со претседателот на Собранието на Република Македонија се очекува да оствари средби и со институции кои се занимаваат со бегалската криза.