Tuğrul Çam
20 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
ЊУЈОРК (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторник во обраќањето на отворањето на генералната дебата на на 71. заседание на ОН рече дека Турција досега на бегалците потрошила 25 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција за бегалците до сега потроши 25 милијарди долари. Колку од другите добивме од тоа? Од ОН, под чии кров моментално се наоѓаме, стасаа 525 милиони. Никој друг не учествувал во помош. Дали добивме нешто од ЕУ? За жал, ниту ЕУ не го одржа ветувањето кое го даде. Од УНИЦЕФ ни пратија само 178 милиони долари.Тоа е се. Ние од самиот почеток зборувавме дека ова прашање е заеднички проблем на целото човештво и се трудевме во однос на ова прашање да делуваме во соработка со регионалните и глобалните актери. Не би можеле да останеме неми на катастрофата која ги погоди нашите соседи и нашите роднини, и покажавме дека не останавме неми", рече Ердоган.
Истакна дека бегалците кои бегаат од смрт и насилство се изложени на понижувачки постапки во европските градови.
„Во многу земји, во Сирија, Ирак, во ужасот на тероризмот и војните, и понатаму гинат стотици илјади деца, жени, млади и стари лица. Бегалците кои бегаат од смртта и насилството се изложени на деградирачки третман во градовите во Европа. Од друга страна, во многу држави во светот луѓето се соочуваат со глад, епидемии, беда и незнаење. Тоа е срам кој сигурно ја нарушува честа и совеста на човештвото. Мирот, просперитетот и безбедноста на идните генерации во голема мера зависи од чекорите и мерките што ние ќе ги преземеме денес", рече Ердоган.
Исто така нагласи дека се потребни севкупни реформи во рамките на Обединетите нации.
„Мораме да постигнеме најширок консензус со кој со севкупните реформи на Советот за безбедност, ОН ќе го претворат о подемократска, поправедна, потранспарентна и поефикасна организација која би имала посилна репрезентативност. Потребно е ОН да се реформира. Од таа причина, на секој чекор потсетувам дека светот е поголем од пет земји", рече Ердоган, алудирајќи на петте постојани членки (САД, Кина, Франција, Велика Британија и Русија).
Истакна и дека меѓународната заедница мора да им помогне на Палестинците а да добијат независна и слободна држава Палестина.
„Долгот на меѓународната заедница кон палестинските деца е да на основите на дводржавното решение на палестинскиот народ му овозможи да живее во слободна Палестина, со Источен Ерусалим како главен град, каде секој Палестинец би живеел во мир и благосостојба", рече Ердоган.
Се осврна и на ФЕТО, нагласувајќи дека темелната стратегија на терористичката организација ФЕТО е да под изговор на образование, дијалог, толеранција и цивилниот сектор, се инфилтрира во државните институции.
„Основната стратегија на ФЕТО е под изговор на образованието, дијалогот, толеранцијата и граѓанскиот сектор да се инфилтрира во државните институции, да влијае врз општествената заедница и да ги контрола финансиските извори. Од ова место ги повикувам сите пријатели, поради своја безбедност и поради иднината, во своите земји многу брзо да ги преземат потребните мерки против терористичката организација ФЕТО. Искуството кое ние го доживеавме покажа дека ако во оваа фаза не се борите против ФЕТО, утре може да биде доцна", рече Ердоган и ги повика членките на ОН „веднаш да ги преземат сите потребни чекори" против терористичката организација ФЕТО.
На отворањето на генералната дебата на 71. заседание на Генералното собрание на ОН, на кое покрај останатите се обратија и генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун и претседателот на САД Барак Обама, присуствуваа и голем број на светски функционери.