Besar Ademi
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) – Холандската пијанистка, истовремено композиторка и пејачка од турско потекло, Карсу Донмез, на нејзиниот концерт одржан во Домот на АРМ во Скопје во рамките на 17-то издание на музичкиот фестивал Есенски музички свечености со својот настап ја фасцинираше скопската публика, настапувајќи на англиски и на турски јазик, јавува Anadolu Agency (AA).
Донмез доаѓа во Скопје со поддршка на Турскиот културен центар „Јунус Емре" - Скопје, а заедно со неа настапи и пет-член бенд.
Таа вечерва настапи со компилација од светска музика и како што претходно најави „со црвената линија на џезот“.
Карсу Донмез е исто така позната за нејзините хуманитарни активности и им помага на мигрантите од Сирија.
Во моментов работи на проект со децата бегалци, со кои формирала хор.Карсу Донмез е пејачка, пијанистка, аранжерка и композиторка. Родена е во Холандија, а по потекло е од Турција. Настапувала на голем број меѓународни фестивали и концерти, како што се „Консертгебау“ во Амстердам, „Норт сеа џез фестивал“ во Ротердам, како и во светски познатата „Карнаги хол“ во Њујорк.