култура и уметност

Со концертот „Скопје во три бои“ започна културната манифестација „Скопско лето"

Музичката програма на „Скопје во три бои“ ги „сплотува македонската, ромската и турската популација на нашето поднебје како убав спој на три музички култури во едно и дека ќе ги разбие стереотипите за поделеност", соопшти ДКУС

Admir Fazlagic  | 06.07.2020 - Обновена : 08.07.2020
Со концертот „Скопје во три бои“ започна културната манифестација „Скопско лето" ( Foto: Umeys Sulejman / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Во просториите на „Сули-ан“ во Старата скопска чаршија со концертот „Скопје во три бои“ официјално е отворено 41. издание на култрната манифестација „Скопско лето", јавува Агенција Анадолија (АА).

Како што претходно најави организторот на манифестацијата „Скопско лето“, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДКУС), 41. издание на фестивалот „Скопско лето“, започна со концертот насловен „Скопје во три бои" со учество на - Душко Георгиевски - вокален изведувач и флејта, Ратко Даутовски – ударни инструменти, Емил Адамски – кавал и акустичен бас, Бајса Арифовска – пијано, тамбура, виолина, кларинет и Благоја Алачки – гитара.

Организаторот соопшти дека музичката програма на „Скопје во три бои“ ги „сплотува македонската, ромската и турската популација на нашето поднебје како убав спој на три музички култури во едно и дека ќе ги разбие стереотипите за поделеност."

Меѓу другото, од ДКУС инфомираат дека поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) летната манифестација на главниот град ќе биде организирана согласно со протоколите за организација на јавни настани донесени од Владата на Република Северна Македонија.

Според објавената програма за овогодишното издание на „Скопско лето" на 7 јули (вторник) јубилеен концерт ќе има Пламенка Трајковска квинтет “Ladies and gentlemen". За 8 јули (среда) најавен е концертот на „АД ЛИБИТУМ“ трио – Силвана Атанасова Чулева – пијано, Лазар Соколов – кларинет и алт саксофон, Емилија Кабранова Филипова – пијано.

Наредниот ден, на 9 јули (четврток) ќе се одржи онлајн промоцја на книгата „…Како ти и јас...", љубовно патеписна поема инспирирана од младоста на Никола Тесла. Автор на делото е Тони Манџуковски.

На 10 јули (петок) според програмата, предвидена е монодрамата „Дневникот на лудиот" од авторот Николај Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Монодрамата ја игра Бобан Алексоски.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и од Град Скопје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.