култура и уметност

Светски познат турски диџеј: „Храброста и грешките, клуч за успех“

„Имам 1.200 дела. Со овие дела реализирав активности во 42 земји. Најмногу имам одено во Италија, Мароко, Албанија, Македонија, Тајланд и Бразил“, нагласи Кантик, светски познатиот турски диџеј.

Hilal Uştuk  | 15.02.2019 - Обновена : 16.02.2019
Светски познат турски диџеј: „Храброста и грешките, клуч за успех“

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) – ХАЛИЛ УШТУК –

Ферхат Кантик, светски познат турски диџеј, познат под името „DJ Kantik“, истакна дека неговиот развој е базиран на храброста и бројни проби, дури и да е погрешно, пишува Anadolu Agency (AA).

Во изјава за АА, Кантик нагласи дека неговите дела се слушаат од слушатели кои сакаат посебен вид музика од 16 до 50-годишна возраст.

Кантик рече дека во оваа област себеси се развива преку бројни проби и грешки.

Триесетгодишниот Кантик, кој живее во турскиот град Маниса, ја култивирал љубовта кон музиката од мали години, но професионалната кариера ја започнал со песната „Miss Belalım“ во 2005 година.

„Потоа, во 2010 година направив уште една композиција, наречена „Wapmatix Violin“. И таа музика стигна до милиони лица. Стана мелодија на телефоните на бројни луѓе. Тоа ми овозможи да го организирам мојот прв концерт во Египет во 2010 година. Последниот месец сум актуализиран во светот со музиката „Kul“, која е слушана од страна на милиони лица. „Kul“ влезе меѓу 38 најбарани песни на пазарот и светот“, додаде тој.

Кантик истакна дека неговите дела ги споделува и на личните профили на социјалните мрежи, додека песните за кои станува збор достигнуваат до 1,5 милиони лица дневно.

„Имам 1.200 дела. Со овие дела реализирав активности во 42 земји. Најмногу имам одено во Италија, Мароко, Албанија, Македонија, Тајланд и Бразил“, нагласи Кантик.

Тој истакна дека е доста поврзан и со арапскиот свет од 2010 година, бидејќи неговите дела ги слушаат и во овие земји, и организирал бројни концерти.

„Првиот концерт го организирав во Египет во 2010 година. Потоа, повторно одржав концерт во Египет, Мароко, Тунис и Обединетите Арапски Емирати. Имам патувано речиси во секој арапски град“, рече тој, и додаде:

„Причината зошто им се допаѓаат на арапските земји е синтезата што ја правам меѓу етничките инструменти на арапската, турската и средноисточната култура со инфраструктурата и материјалите на современата електромузика. Јас ги сметам комбинациите како еден од факторите за успехот“, истакна Кантик.

Според него, следењето на технологијата, храброста и одбегнувањето на стравот се одразуваат и во композицијата на нотите. „Да се биде храбар е за добробитта на младите“, додаде Кантик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın