Zülfiya Yakup
03 Март 2016•Ажурирај: 04 Март 2016
ПРИШТИНА (AA) - Екипата на косовско-британскиот филм "Shok", кој беше номиниран за Оскар во категорија на краток игран филм, вечерва се врати од САД во Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако филмот не ја освои најпрестижната светска филмска награда, екипата на приштинскиот аеродром е пречекана како победник. Протагонистите на филмот и водечките луѓе од Центарот за кинематографија на Косово ги дочекаа бројни пријатели, роднините и новинарите.
По враќањето од Лос Анџелес, екипата на филмот, посебно, двата главни актери, момчињата Лум Весели и Анд Бајгора, блескаа од среќа и не ја кријеа радоста и гордоста, поради тоа што со учеството на церемонијата на доделување на оскарите овој викенд, влегоа во историјата на Косово.
"Ова беше исклучително искуство. Одењето по црвениот килим беше нешто исклучително, средбата со холивудските светски sвезди исто така беше извонредно. Целиот настан беше извонреден", рече Лум Весели.
Неговиот другар Анди Бајгорес горд е што беше меѓу светските sвезди.
"И за мене ова беше нешто многу добро и големо, затоа што бевме први луѓе од Косово кои одат по црвениот килим. Го претставивме цело Косово и тоа е добра работа не само за мене, туку и за целата екипа и секој човек кој има албанска крв", рече Анди.
Претседателот на Центарот за кинематографија на Косово Арбен Жарку изјави дека по успехот "Shok" на косовските уметници и на косовската кинематографија им се отворени светските врати.
Филмот "Shok" е направен во соработка помеѓу Косово и Велика Британија, по сценарио и режија на Џеми Донахју, со поддршка на центарот за кинематографија на Косово. Продуценти на филмот се Ешреф Дурмиши и Херви Аскот.