култура и уметност

Палатата Топкапи ги отвори вратите за реткиот дијамант

„Најголемиот и најпознатиот од историските дијаманти“ - 86-каратниот дијамант на мајсторот на лажици (Кашикчи Елмаси) од 4 октомври е изложен во палатата Топкапи во Истанбул

Salih Şeref  | 08.10.2019 - Обновена : 09.10.2019
Палатата Топкапи ги отвори вратите за реткиот дијамант

ИСТАНБУЛ (АА) - По пренесувањето на палатата Топкапи под надлежност на Претседателството на националните палати, почнаа да се изложуваат бесценетите богатства кои досега се наоѓаа во магацините, јавува Anadolu Agency (AA).

Некои дела што не беа изложени извесно време, од неодамна почнаа да се изложуваат во палатата Топкапи. Меѓу тие дела се наоѓа и Дијамантот на мајсторот на лажици (Кашикчи Елмаси), кој беше претставен пред медиумите.

Првото од овие скапоцености, Ножот на Топкапи, по долго време, на 18 септември беше претставен пред љубителите на историјата и уметноста. Ножот на Топкапи беше изложен во делот каде што се наоѓа колекцијата на пиштоли во палатата Топкапи, додека второто богатство, Престолот на Султан Махмуд II, од 2 октомври почна да се изложува во Багдадскиот павилјон, исто така, во палатата Топкапи.

„Најголемиот и најпознатиот од историските дијаманти“ - 86-каратниот Дијамант на мајсторот на лажици (Кашикчи Елмаси) на 4 октомври беше изложен во делот каде што се наоѓа колекцијата на пиштоли во палатата Топкапи. Домашните и странските посетители најмногу се интересираа за овој дијамант и го чекаа неговото изложување.

Откако е отворена изложбата, Дијамантот на мајсторот на лажици привлече најмногу внимание кај посетителите. Најголемиот дијамант е украсен со додатни 49 дијаманти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.