Admir Fazlagic
22 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Воениот музеј на Македонија денеска свечано беше отворена музејската поставка „100 години од Првата светска војна: Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916-1918“ на која се презентираат воено-историските и музејските материјали за првата светска војна кои на Министерството за одбрана на Македонија се донирани од амбасадата на Италија во Скопје во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На свеченоста по повод отворањето на музејската поставка се обрати министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски кој рече дека со денешната изложба продолжува одбележувањето на сто години од Првата светска војна како потсетник на сите ужаси и страдања на човештвото и испраќање на пораки на мир и соживот и изградба на просперитетен свет за идните поколенија. Министерот Јолевски потсјети дека и територијата на Македонија како и нејзините граѓани беа зафатени од тогашниот светски воен судир уште од самото избувнување на војната во септември 1914 година.
„Со исложбата италијанската армија на Македонскиот фронт 1916-1918 година пред македонската јавност го презентираме музејскиот материјал кој Министерството за одбрана го добива како донација од амбасадата на Италија во Скопје. Досега необјавените музејски и воено историските материјали за учеството на италијанската армија на македонскиот фронт претставуваат изворен материјал што за прв пат од таков вид воопшто некоја земја учесничка во борбите на македонскиот фронт официјално ги споделува со институциите во Репбулика Македонија. Оригиналните фотографии и карти на позициите на Македонскиот фронт кои денеска се овде пред нас се снимени од италијанската армија во текот на Првата светска војна и можат да се употребуваат за лоцирање на рововските линии и собраќајниците, како и други воени објекти со цел за чистење на неексплодираниет воени средства", рече Јолевски и додаде дека изложените материјали истовремено можат да се користат за културно историски содржнини, за оформување на туристичкте патеки, како и за воено историското наследство на Македонија.

Свое обраќање на отоврањето на изложбата имаше и Карло Ромео амбасадор на Италија во Скопје. Тој им се заблагодари на сите гости за присуството и го искажа своето задоволство од соработката со македонските институции за организирање на овој настан.
„Триесет и петата италијанска дивизија дејствуваше на тој фронт повеќе од три години и географите од распоредените единици имаа доказ за нивните одлични технички способности создавајќи панорамски фотографии и мапи кои денес се изложени", рече италијанскиот амбасадор Ромео додавајќи дека „во време кога 'Гугл' картите не постоеа, овие географи направија производи кои имаат значајна прецизност и од денешна гледна точка."
На отворањето на изложбата присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор во земјава меѓу кои амбасадорот на САД во Скопје, Џес Бејли и шефот на Мисијата на Европската Унија во Скопје Самуел Жбогар, како и бројни претставници на државните институции.