култура и уметност

Отворен 11. Фестивал на ледени скулптури во Москва со тема инспирирана од Буратино

- Фестивалот нуди зимска уметничка поставка инспирирана од Буратино – омилениот дрвен лик од детската литература, кој писателот Алексеј Толстој го воведе во руската книжевност во 1936 година.

Aida Cako  | 31.12.2025 - Обновена : 01.01.2026
Отворен 11. Фестивал на ледени скулптури во Москва со тема инспирирана од Буратино

МОСКВА (AA) – Единаесеттото издание на Фестивалот на ледени скулптури во Москва, под наслов „Ледена Москва, во семејниот круг“, беше отворено за посетители на ридот Поклонаја, во Паркот на победата во руската престолнина, јавува Анадолу.

Фестивалот нуди зимска уметничка поставка инспирирана од Буратино – омилениот дрвен лик од детската литература, кој писателот Алексеј Толстој го воведе во руската книжевност во 1936 година.

Семејствата што присуствуваа на отворањето прошетаа низ блескавите инсталации и застануваа за фотографирање, додека децата се собираа околу фигурите со мотиви од Буратино, привлечени од препознатливата бајковита атмосфера создадена од масивни блокови мраз.

Ледените скулптури, изработени со висока уметничка прецизност, го претвораат просторот во вистинска зимска бајка, а фестивалот традиционално привлекува голем број посетители од Москва и од други делови на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.