Admir Fazlagic
22 Декември 2016•Ажурирај: 24 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Со ревијална изложба во Чифте амам на повеќе од 250 дела на уметници од 66 земји заврши ОСТЕН ‐ Биенале на цртеж Скопје 2016 каде што ОСТЕН ги додели и наградите и го промовираше каталогот на Биеналето на цртеж, јавува Anadolu Agency (AA).
Бордот и Советот на амбасадори на ОСТЕН, ги додели главните награди на Тони Крег (Велика Британија/Германија), на кого му припадна Гран при за животно остварување, а наградата Светско културно наследство му е псоветена на шпанскиот сликар и протагонист на надреализмот Салвадор Дали кој почина во 1989 година.
Во соработка со Светската асоцијација на визуелните уметности, наградата Уметник на светот им беше доделена на Јиржи Андерле од Чешка и на Родољуб Анастасов од Македонија.
На настанот присуствуваа дел од наградените уметници, од Јапонија, Франција, Израел, Литванија, Грција и Србија, а ќе беа изложени дела на 270-те автори кои беа селектирани од интернационалното жири и се најдоа во каталогот кој вечерва веше промовиран.
Меѓу другото, беа врачени и наградите за цртеж, сликарство на хартија, графика, оригинално дело, млад уметник, Златен Остен, како и посебните награди и признанија.