Мадаин Салих - древен бисер во Саудиска Арбија на листата на УНЕСКО
Сместен во северозападниот дел на Саудиска Арабија, овој локалитет, вклучен на листата на светско наследство на УНЕСКО, се истакнува со монументалните гробници врежани во песочник и извонредно зачуваните архитектонски структури

СКОПЈЕ (АА) – Во покраината Медина во Саудиска Арабија, археолошкиот локалитет Мадаин Салих, познат и под своето античко име Хегра, претставува едно од најимпресивните наследства на античката набатејска цивилизација, јавува Анадолу.
Сместен во северозападниот дел на Саудиска Арабија, овој локалитет, вклучен на листата на светско наследство на УНЕСКО, се истакнува со монументалните гробници врежани во песочник и извонредно зачуваните архитектонски структури кои датираат од првиот век пред новата ера.
Мадаин Салих бил еден од најважните урбани центри на Набатејците, истата цивилизација која го изградила познатиот град Петра во денешен Јордан.
Гробниците, украсени со симетрични фасади и детали изработени со неверојатна прецизност, сведочат за високото ниво на инженерство и уметничка вештина од тоа време.
Локалитетот денес претставува значајна туристичка атракција, привлекувајќи посетители од целиот свет кои доаѓаат да го откријат богатото културно и историско наследство на регионот.
Властите во Саудиска Арабија вложуваат напори за зачувување и промоција на Мадаин Салих како дел од пошироката визија за развој на културниот туризам и претставување на древната историја на Кралството пред глобалната јавност.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.