Ata Ufuk Şeker
17 Ноември 2024•Ажурирај: 18 Ноември 2024
БРИСЕЛ (АА)
- Ата Уфук ШЕКЕР
Емотивни моменти доживеаја посетителите на изложбата во Брисел по повод 10-годишнината од „Istanbul Photo Awards“, меѓународен натпревар во фотографија, организиран од Агенција Анадолу (AA), известува Анадолу.
Во Брисел, главниот град на Белгија беа изложени фотографиите кои освоија награди на натпреварот во фотографија „Istanbul Photo Awards“, што АА го организира веќе 10 години.
Посетителите имаа можност да ја видат изложбата, беа длабоко импресионирани од кадрите што ги овековечија фотографите учесници на овој конкурс.
Коментирајќи за дописникот на АА, политичкиот аналитичар од Брисел, Јохан Веик, рече дека многу важна и импресионирачка била изложбата „İstanbul Photo Awards“ во Брисел.
Веик истакна дека особено дипломатите, претставниците на невладините организации и новинарите треба да видат прикажаните дела.
Потсетувајќи дека изложбата вклучува фотографии кои ги прикажуваат земјотресите во Туркије на 6 февруари 2023 година, војната во Украина и настаните кои произлегуваат од нападите на Израел врз Газа, Веик рече: „Особено доста импресивна е наградената фотографија направена во Газа“.
Зборувајќи дека АА врши одлична работа, особено во известувањето од регионот, Веик посочи:
„Никогаш не треба да престанеме да известуваме од Газа, јужниот дел на Либан и од Западниот Брег“.
Веик нагласи дека е многу важно да се фотографира што се случува во Газа и дека не треба да се известува еднострано, укажувајќи на важноста да им се дозволи на Палестинците да се слушне и нивниот глас.
- Факти предочени пред сите
Сликарот Ив Гобарт, кој ја посети изложбата, изјави дека за прв пат имал можност да ги види наградените фотографии на конурсот „İstanbul Photo Awards“ и додаде:
„Морам да кажам дека бев многу импресиониран од квалитетот на темите и содржината на фотографиите, особено од првонаградената“.
Потсетувајќи дека и тој е уметник, Гобарт го даде следниот коментар: „Одбраните фотографии одлично ги доловиле моментите и емоциите“.
Гобарт нагласи дека делото со наслов „Палестинска жена што го гушка мртвото тело на својот внук“ на Мохамед Салем ц со кое освои награда, е многу болна тема и додаде дека оваа визуелна слика ја открива реалноста и ги пренесува сите чувства.
Шохина Бехзода, која работи за бриселското списание „Diplomatic World“, рече: „Има многу фотографии на изложбата кои длабоко ве погаѓаат. Многу е важно да се организираат вакви настани за да се подигне свеста за настаните што се случуваат во светот“.
Бехзода рече дека била многу трогната и истакна дека на изложбата не се само фотографии, туку тоа се дела кои ги откриваат животните приказни и чувствата на луѓето.
- Изложба на „Istanbul Photo Awards“ 2024
На овогодинешниот конкурс пристигнаа повеќе од 20.000 фотографиии, кои беа оценувани во единечна и серија на фотографии од областа на вести, спорт, животна средина, портрет и секојдневниот живот. Во вкупно 10 категории, на натпреварот награди освоија 32 фотографи.
Сони го поддржува натпреварот, кој оваа година се одржува под комуникациско спонзорство на Turkcell, како спонзор на наградата, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) како спонзор на меѓународниот настан и Туркиш ерлајнс (THY) како спонзор на патните трошоци.
Информации за наградените фотографии може да се најдат на „istanbulphotoawards.com“.