Ayşe Şensoy
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Кореецот Инху Ли кој со цртање започнал да се занимава уште од 3-годишна возраст, благодарение на техниката и боите што ги користи во изработката на цртежите е наречен „малиот уметнички гениј”. Инху во Анкара отвори изложба на која се сретна со љубителите на уметноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Својата прва изложба Инху ја отворил на 9-годишна возраст во Кореја. Преку природата и фигурите кои ѝ припаѓаат на Кореја, малечкиот Инху создава дела коишто во себе ја носат моќта на имагинацијата.
Ли, кој сега има 13 години, своето уметничко образование го продолжува во Париз, а во Анкара ја отвори својата 4. изложба.

Инху, кој се подготвува да отвори изложби во Јапонија, Кина и Европа, во разговор со новинарот на АА рече дека со уметноста започнал да се занимава уште на 3-годишна возраст, истакнувајќи дека оваа негова дарба ја забележал неговиот учител.
Зборувајќи дека учествувал на многу изложби и дека со тек на времето постојано се унапредува, Ихну изјави: „Мојата прва изложба предизвика многу голем интерес. И покрај мојата возраст, делата што ги имав изложено предизвикаа голем интерес и им се допаднаа на посетителите. Поради моите цртежи, луѓето ми се обраќаа со „малиот уметнички гениј”. Во Анкара ја отворам мојата 4. изложба. Сметам дека патувањата ја развиваат имагинацијата кај луѓето. Кога ги изработувам моите дела, го соединувам она што ќе го забележам на моите патувања со мојата имагинација, и сето тоа го ставам на хартија. Објектите кои ги пренесувам на хартија се спој на мојата имагинација и моите чувства. Кога ги создавам моите дела, не следам одреден правец, користам секаков вид техника. Има уште многу техники кои сакам да ги истражам. Повикан сум да отворам изложби во Јапонија, Кина и во Европа”.
Истакнувајќи дека многу ги сака Турција и Турците, Инху рече дека меѓу делата кои се изложени се наоѓа и цртежот со „назар бонџук” (симбол против урок) кој е еден од уникатните симболи на Турција.
- „Инху е познат во Кореја и привлекува огромен интерес” -
Кох Јунг Квен, куратор и директор на Традиционалниот културен и уметнички центар на Кореја рече дека на натпреварот кој го подготвила галеријата, Инху уште на 7-годишна возраст ја освоил првата награда.
Директорот Кох истакна дека по натпреварот започнале заедно да работат и додаде: „На полето на музиката и уметноста навистина е тешко на едно лице да му се додели титулата „гениј” . Но Инху многу успешно успева преку сопствен уметнички јазик да ги пренесе своите чувства на хартија и покрај неговата млада возраст, поради што луѓето го нарекуваат гениј. Инху е познат во Кореја и привлекува огромен интрес”.

- Делата изложени во „CerModern“ во Анкара -
Во соработка на амбасадата на Кореја и галеријата „CerModern“, отворена е изложбата „Малиот уметнички гениј” составена од цртежи кои Инху Ли ги изработил во различни техники.
Изложбата ја отвори амбасадорот на Кореја во Турција Донг Ву Чо, а љубителите на уметноста во Анкара имаат можност во галеријата да ги погледнат 66. дела на младиот Инху.