Miki Trajkovski
25 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
СТРУГА (АА) - Со палење на фестивалскиот оган и со рецитирање на песната Тга за Југ од Константин Миладинов во Струга беше означен почетокот на 55- то издание на Струшките вечери на поезијата. На оваа светски позната поетска манифестација која се одржува од 1962 година ќе учествуваат 32 поети од вкупно 30 држави од сите контитенти, јавува Anadolu Agency (AA).
Годинешен добитник на главната награда „Златниот венец" е поетесата од Канада, книжевна критичарка, романсиерка и есеистка Маргарет Етвуд.
Таа во Струга пристигнува во петок.Наградата ќе и биде врачена на традиционалната манифестација „Мостови“ на Струга. Фестивалот за прогласен го отвори министерката за култура на Македонија, Елизабета Камчевска Милевска.
Таа рече дека 55 години, поетската Струга е дом на најголемите бардови на светската поезија, кои изградија мостови меѓу цивилизациите имостови меѓу сегашноста и иднината.
„Струшките вечери на поезијата на еден благороден начин го збогатуваат европскиот и светскиот културен простор, ги афирмирааат поетските вредности на сите светски јазици, и конечно, тие го глорифицираат универзалниот сон на човештвото кој вели дека поезијата ќе го спаси светот“, рече Камчевска.
На отварањето беа присутни голем број на личности од општествениот и јавниот живот од Македонија.
Директорот на фестивалот Мите Стефоски изрази надеж дека она што ќе го понуди овогодишната програма ќе биде атрактивно и провокативно за фестивалската публика.
„Струшките вечери на поезијата во изминатите 55 години го славеа тоа создавање на повеќе од стотина јазици, на повеќе од петте илјади поети кои настапија овде во Струга“, рече Стефоски.
На фестивалот годинава присутни се и поети од Турција и Албанија, додека Косово и БиХ нема да имаат свои претставници.
Од Албанија учестува поетот Аријан Лека, кој е директор и на поетскиот фестивал „Поетики". Од Струшките вечери на поезијата најавуваат можност за договор со овој фестивал во Албанија, за взаемно преведување на македонска поезија во Албанија и на албанска поезија во Македонија.
Од Турција со кого соработката е долгогодишна на фестивалот оваа година е присутен поетот Ердал Алова.
За годинава се предвидени и неколку нови содржини на фестивалот. Од Фестивалот најавуваат дека нивна основна цел е е придобивање нова публика но и уште поголема презентација на фестивалот во светски рамки.
Секое попладне ќе се пие „Поетско кафе“ пропратено со книжевни разговори, дебати и поетско читање во чест на некој од учесниците, а поетските читања ќе има и во Битола, Ресен, Охрид. Фестивалската програма завршува на 29 август со поетско Матине на Матка и Меѓународен поетски митинг на Камениот мост во Скопје.
По повод јубилејот 55 години од „Струшките вечери на поезијата“ вечерта на современата македонска поезија ќе биде посветена на сите досегашни добитници на втората по вредност награда на фестивалот, наградата „Браќа Миладиновци“.
Инаку во измнатите 55 години во Струга престојувале повеќе од 5.000 поети од сите краеви на светот.