Besar Ademi
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) – Во просториите на Чифте амам во Старата скопска чаршија се отвори проектот „(Х)ам(м)ам“ на мултимедијалниот уметник, Хелидон Ѓерѓи, која ќе биде отворена за јавноста до 24 август оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Проектот се состои од три дела, некои специјално создадени за физичкиот простор на Чифте амам, додека другите два дела имаат одредена просторна интерпретација на тековните инсталации и објекти. Најпосебниот дел од проектот беше собата со чад, светлината која доаѓа преку куполите за создавање на магична атмосфера, а во просторот се слушаа звуци на музиката.
Во меѓувреме, во друга сала имаше комбинација со огледала од Биеналето во Босна и Херцеговина, како и зачините од Манифеста, создавајќи апстрактен и бескрајен коридор во кој секоја страна ја покажува спротивната страна.
Авторот на проектот, Хелидон Ѓерѓи, на отворањето на својот проект, истакна дека во Скопје доаѓа за првпат, а тоа што го импресионирало е хармонијата меѓу народите и културите во оваа земја. Тој додаде дека во Македонија не се чувствувал како странец.
„Интересна ми беше комуникацијата меѓу различните заедници, како културите коегзистираат, се борат едни со други и она што тие имаат заедничко. И, на крајот, се покажа дека тие имаат повеќе заедничко отколку различно“, рече Ѓерѓи, додавајќи дека овој дух на обичните луѓе кои живеат во Македонија се обидува да го изрази во изложбата.
На отворањето на изложбата присутни беа и претставници на Министерството за култура на Република Македонија, претставници од албанската амбасада во Скопје и други гости, уметници и љубители на уметноста. Пред учесниците, исто така, се обрати и државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, кој рече: „На Хелидон Ѓерѓи му честитам за оваа необична изложба, за идејата и извонредната реализација на изложбата. Хелидон го направи познат неговата поинаква работа, неговиот поинаков пристап и различниот модерен поглед кон уметноста“.
- Кој е Хелидон Ѓерѓи? -
Хелидон Ѓерѓи (роден 1970 година во Тирана, Албанија) е современ уметник кој работи во различни медиуми. Дипломирал на Академијата за уметности во Тирана, додека со отворањето на границите во 1991 година, се пресели во Италија, каде што го продолжил студирањето на визуелни уметности, а дипломирал на Уметничката академија во Неапол. Подоцна се преселил во Чикаго, а во моментов живее во Њујорк и студира на државниот универзитет во овој град „Sunny Old Westbury“.
Во својата кариера, Ѓерѓи има работено во различни медиуми, од сликарството се до инсталации и архитектура. Сепак, преку различни медиуми, тој во неговите дела постојано се обидува да ја потенцира празнината и кревкоста на границите помеѓу медиумите, себеси и параметрите на поединечното влијание.