култура и уметност

Во Скопје промовирана книгата „Османлиски документи за историјата на Македонија"

Еден од авторите на книгата, Аднан Шериф, рече дека се работи за многу значајна книга како дел од Османлиската историја, напоменувајќи дека не се однесува на само класичен попис на населението,туку дава податоци и за населението и за неговите движења

Husamedin Gina  | 01.03.2021 - Обновена : 03.03.2021
Во Скопје промовирана книгата „Османлиски документи за историјата на Македонија" ( Foto: Umeys Sulejman / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ 

Во организација на Државниот архив на Република Северна Македонија и фондацијата „Екај“ вечерва беше промовирана книгата „Османлиски документи за историја на Македонија“, јавува Агенција Анадолија (АА).

На промоцијата на присуствуваа, амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, координаторот на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула; директорот на Фондацијата „Маариф“ во Северна Македонија, Мустафа Дилиоглу, претставници на турски институции и организации во земјата и други гости.

Државниот архив на Северна Македонија го објави изданието „Османлиските документи за историјата на Македонија, пописи од XIX век, Скопски Санџак, Каза Скопје, 1832/33“, од авторите доц. д-р Аднан Шериф, проф. д-р Музафер Бислими и м-р Ирфете Ибраими.

Директорот на Државниот архив на Северна Македонија, Емил Крстески истакна дека по повод одбележувањето на 70- годишнината на Државниот архив на Северна Македонија подготвуваат повеќе културни настани од областа на историјата и архивистиката.

Истакнувајќи дека во рамките на тие културни настани е и промоцијата на книгата „Османлиски документи за историја на Македонија“, Крстески рече тоа е дел од соработка со Република Турција и државниот архив на Турција.

„Ние се надеваме дека ова ќе биде само еден мал дел од нашата успешна соработка и дека ќе ја продолжиме и понатаму во областа на историјата и архивистиката бидејќи тоа е значаен дел за нашата историја“, нагласи Крстески.

Музафер Бислими, заменик-директорот на Државниот архив и еден од авторите на книгата рече дека вечерва ги промовираат пописните дефтери, турските документи од 19 век.

„Оваа серија е посебна едиција за попис на населението (нуфус дефтери) за муслиманското население и се фактички првите модерни пописи извршени во рамките на Османлиската империја“, рече Бислими.

Еден од авторите на книгата Аднан Шериф истакнувајќи дека се работи за една многу значајна книга како дел од Османлиската историја рече дека не се однесува на само класичен попис на населението, туку дава податоци и за населението и за неговите движења, неговата возраст, одлики и слично.

„Особината на ова издание денеска се разликува од претходните изданија со тоа што во историјографијата се смета како прв современ попис на Османлиската држава, а се однесува за населението во денешните простори на Македонија, односно на Скопскиот Санџак“, нагласи Шериф.

Претседателот на Фондацијата „Екај“, Муртеза Сулоџа, истакна дека утре во Тетово, а задутре во Кичево ќе бидат промовираните и другите два изданија на „Османлиските документи за историјата на Македонија“ кои се однесуваат за Тетовската Каза и Кичевската Каза.

Во делот за Скопски Санџак, објавен на македонски и албански јазик станува збор за попис на население од исламска вероисповед на маалата во Скопје - вкупно 41 маало, селата кои се наоѓаат во ракавот на Чаир - вкупно 19 села, селата на ракавот на Кара Даг (Скопска Црна Гора) - вкупно 9 села, селата на ракавот на Каршијака - вкупно 37 села, селата на ракавот на Дербенд - вкупно 8 села и маалата - племињата во самиот град на Качаник како и селата од Качаничката Нахија - вкупно 21 село на Казата Скопје во првата половина на XIX век (1832/33).

Во рамките на промоцијата беше поставена и изложбата „200 илјади југословенски иселеници“ на авторот Муртеза Сулоџа која има за цел да открие конкретни имиња и презимиња на иселеници кои се објавени во службените весници во Република Турција во периодот од 1956-1972 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.