Aldıjana Hadzıc
04 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Музејот на чоколадото „Пелит“ во Истанбул и слатката панорама во него не само што е интересен за децата, туку и за возрасните, јавува Anadolu Agency (АА).
Во музејот којшто е дизајниран за деца и за возрасни што се чувствуваат како деца, посетителите можат да видат „градби“ од чоколадо, како и историски личности.
Дел од музејот е посветен на градот на Босфорот, а меѓу чоколадните макети се Сината џамија и хиподромот, музејот Аја Софија, џамијата Сулејманија, стариот трамвај и Киз кулеси (Моминска кула).
Во музеј во Истанбул, изложени чоколадни модели на Аја Софија, Мона Лиза, Ајнштајн
Музејот на чоколадото „Пелит“ во Истанбул и слатката панорама во него не само што е интересен за децата, туку и за возрасните, јавува Anadolu Agency (АА).Во музејот којшто е дизајниран за деца и за возрасни што се чувствуваат како деца, посетителите можат да видат „градби“ од чоколадо, како и историски личности. ( Veli Gürgah - Агенција Анадолија )
04.12.2017 Veli Gürgah
1 / 27
Покрај тоа, свои чоколадни бисти имаат и Мустафа Кемал Ататурк, поетот и научник Џелалудин Руми (Мевљана), научникот Алберт Ајнштајн и сликарот и режисер Енди Ворхол.
Посетителите, исто така, имаат можност да ја видат чоколадната „Мона Лиза“ на сликарот Леонардо Да Винчи, Сфингата, Мавзолејот на Халикари, Ноевата арка со животните, како и чоколадна фонтана.