Hasan Tosun
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во австрискиот главен град, отворена е изложбата на меѓународниот натпревар за фотографија во категоријата вести, “Istanbul Photo Awards”, во организација на Anadolu Agency (АА).
На изложбата се претставени наградуваните фотографии како и оние од финалето на “Istanbul Photo Awards 2016”, а ова е воедно и првата меѓународна изложба на фотографии надвор од Турција.
Изложбата во "Museums Quartier" во Виена ја отвори претставникот на претседателот на Управниот Одбор на АА, Шабан Кизилдаг, и заменик генералниот директор на АА, Мустафа Озкаја. Оваа изложба претставува краток преглед на фотографии од настаните кои ја одбележаа 2015 година.
Претставникот на претседателот на Одборот на АА, Кизилдаг, на отворањето на изложбата рече дека АА зазема место меѓу 10-те највлијателни светски агенции, како и дека агенцијата, низ своето 96-годишно искуство и традиција на своите корисници им нуди сигурен извор на вести, информации, фотографии.
Тој потсети дека АА пред две години започна напревар во фотографија насловен "Istanbul Photo Awards", и дека на овој натпревар зеле учество фоторепортери од над 80 земји од светот.
Посетителите имаат можност да ја видат и фотографијата „Бегалци” на фоторепортерот на весникот „Њујорк тајмс”, Сергеј Пономарев, кој во март на "Istanbul Photo Awards" е избрана за најдобра фотографија во категоријата вести, а потоа ја доби и Пулицеровата награда.
На изложбата, на гостите им беше презентирана поделената книгата на АА, „Обидот за државен удар од минута во минута”, која низ фотографија ги покажува настаните во текот на ноќта на обидот за државен удар, на 15 јули.