Erbil Başay
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
БЕРЛИН (АА) – Со филмот „Џанго” на францускиот режисер Етјен Комар ќе биде отворен 67. Берлински меѓународен филмски фестивал, кој ќе се одржи од 9 до 19 февруари, јавува Anadolu Agency (AA).
Прес-центарот на Берлинскиот фестивал соопшти дека филмот „Џанго“ на режисерот Комар, ќе ја доживее својата светска премиера на отворањето на фестивалот.
Истовремено, филмот ќе се натпреварува и за наградата „Златна мечка“.
Главните ролји во филмот им се доделени на актерот Реда Катеб и на актерката Сесил де Франс. Во филмот станува збор за бегството на познатиот гитарист и композитор Џанго Ренарт од Париз за време на германската окупација во 1943 година.