Sibel Vezaj
17 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
МАМУША (АА) – Во единствената турска општина во Косово, Мамуша, во паркот Споменик на загинатите во Чанакале, денес во соработка помеѓу Институтот Јунус Емре – Приштина и општина Мамуша се одржа отворање на изложба на фотографии на Anadolu Agency (AA) под насловот: „Поздрав од Косово до Турција и демократијата: изложба на фотографии на АА“.
Помеѓу другите, на отворањето на изложбата присуствуваа, Амбасадорот на Турција во Приштина, Кивилџим Килич, генералниот конзул на Турција во Призрен, Селен Евџит, градоначалникот на Мамуша, Ариф Бутуч, директорот на Институтот Јунус Емре – Приштина, Мехмет Улкер, координаторот на ТИКА во Приштина, Неџип Озај Озуток, Командантот на претседателството на претставничката турска делегација за Косово, Полковник Џем Шен и претставници од Институтот Јунус Емре во Приштина, Призрен и Пеќ.
Директорот на Институтот Јунус Емре – Приштина, Мехмет Улкер, во своето обраќаање на отоврањето на изложбата, објаснувајќи ја вечерта од 15. јули рече: „Мрачен ден за Турција, имаше индиции за да се направи мрачна иднината“ и додаде дека овој удар беше спречен со гордиот став на народот, кој даде 241 жртва и илјадници ветерани.
Улкер рече дека овој случај не се знае доволно и правилно и укажа на некои изманипулирани информации и изјави во врска со основните причини за ударот.
Потенцирајќи ја важноста на изложбата на 52 фотографии фотографирани од страна на АА, Улкер рече: „Ние со оваа изложба посакуваме, да го споделиме овој терористички чин со целиот народ, сите интелектуалци и сите заедници. Гордиот став на народот против овој терористички удар и чувањето на демократијата, претседателот, кој е избран од народот и на владата и парламентот, сакаме да го споделиме со косовскиот народ.“
Амбасадорката на Турција во Приштина, Кивилџим Килич потенцирајќи ја важноста на изложбата рече: „Овде се наоѓаме на изложбата на фотографии, кои во историјата ја означуваат демократската борба и солидарност на народот во одбрана на демократијата, демократските институции, демократски избраниот претседател, народот кој застана зад владата против овој напад, кој има ист дух како пред 101 година во Чанакале, кога нашите предци беа во таа епска ослободителна борба.“
Градоначалникот на Мамуша, Ариф Бутуч, кој за Турција зборуваше како „мајка-држава“, рече: „Го осудуваме теророт. Турција е како рај. Таа рајска држава и премногу го поддржува развојот во Косово и Балканот.“
Тој исто така информираше дека, на 22 октомври, во рамките на традиционалниот 8. Меѓународен фестивал на доматот, ќе организираат Марш за демократијата.
По одржааните говори, присутните и жителите на Мамуша ја посетија изложбата. Оваа изложба ќе биде отворена до 29 октомври.