Talha Yavuz
28 Ноември 2020•Ажурирај: 28 Ноември 2020
КИЕВ
Во Украина во последните 24 часа регистрирани се 16.294 случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што е забележан рекорд во бројката на дневни случаи од овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство, откриени се нови 16.294 случаи, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 709.701.
Исто така, во последните 24 часа направени се над 67.000 тестирања. Во изминатото деноноќие починаа 184 лица, а вкупниот број на починати како последица на Ковид-19 во Украина порасна на 12.093.
Оздравеа уште 8.897 лица. Со ова вкупната бројка на оздравени во земјата се искачи на 335.135.