Mümin Altaş
14 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турција испрати 150 илјади дози од вакцините против Ковид-19 за Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека авионот на Воздухопловните сили на Турција со 150.000 дози од вакцините против Ковид-19 полетал за Либија.
Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува:
„Со инструкции на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и по извршените подготовки, авионот на нашето воено воздухопловство со 150 илјади дози од вакцините против Ковид-19 полета од аеродромот ‘Етимесгут‘ во Анкара кон Либија. Вакцините ќе бидат доставени до нашите либиски браќа.“