БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 2.029 лица во Бразил, 201 во Мексико, 469 во Аргентина, 593 во Колумбија, 43 во Чиле, 45 во Еквадор, 55 во Боливија, 122 во Парагвај, 67 во Гватемала, 122 во Перу, 27 во Уругвај и на 25 лица во Хондурас.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 2.029 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 520.095.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 65.163, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 18.622.304.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 16.931.272 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 201 лице заразени со коронавирусот, а детектирани се 6.081 новозаразен.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 233.248 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.525.350. Досега во оваа земја оздравеа 23.477 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 469 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 94.772. Во истиот период детектирани се 21.177 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.491.551.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.092.053 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на осмо место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 593 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 107.137.
Во последното деноноќие детектирани се 28.315 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.269.297. Во оваа земја досега оздравеа 3.964.074 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е петта земја во светот според бројката на починати од Ковид-19, а деветта според бројката на заразени со Ковид-19.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 43 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 32.588.
Во истиот период регистрирани се нови 2.677 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.558.557, а оздравеа вкупно 1.502.411 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 45 смртни случаи, вкупно 21.605 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.034 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 459.538.
Досега во Еквадор оздравеа 423.688 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 55 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.662.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 441.286, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 16.822. Досега оздравеа 363.431 лице позитивни на коронавирусот.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 122 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.387 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.57.554, од кои животот го загубија 192.687 лица, а оздравеа над 2.017.664 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 122 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1.716 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 424.998, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 13.017.
Досега оздравеа 373.253 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 67 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 9.282 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 2.855 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 296.438.
Досега во оваа земја оздравеа 265.352 лица кои биле заразени со коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 27 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи достигна 5.619.
Во истиот период детектирани се 1.259 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 370.600 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 350.291 лице заразени со Ковид-19.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 25 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 616 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 263.376, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 7.030 лица, а оздравеа 92.472 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.