Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan
27 Декември 2020•Ажурирај: 27 Декември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Преглед на состојбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 307 лица, во Мексико 189, во Аргентина 79, во Колумбија 253 и по 46 во Перу и во Чиле.
Министерството за здравство на Бразил соопшти дека во последното деноноќие во Бразил починале 307 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 190.795. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 17.246, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 7.465.806.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 6.475.466 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 189 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 4.974 новозаразени.
Во Мексико, со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 122.026 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.377.217. Во оваа земја досега оздравеа 1.031.864 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 79 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 42.501. Во истиот период детектирани се 3.713 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.578.267.
На 24 и 25 декември не беа дадени податоци во врска со пандемијата во Аргентина поради божикните празници. Во тој период, поради Ковид-19 починаа 108 лица и регистрирани се 10.689 случаи на заразеност со коронавирусот.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.402.227 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 253 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 41.943.
Во последните 24 часа детектирани се 10.196 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 1.584.903. Во оваа земја досега оздравеа 1.444.41 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 46 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 601 новозаразен.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.6.318, од кои 37.414 лица починаа, а оздравеа 943.637 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 46 лица од вирусот Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 16.404.
Во истиот период регистрирани се нови 2.563 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 598.394, а оздравеа вкупно 567.376 лица претходно заразени со коронавирусот.