Gökhan Kavak
30 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Африка е поголем од откриената бројка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Директорката на СЗО за Африка, Матшидисо Моети, на прес-конференција истакна дека 3 од 46 земји во Африка се во категоријата „со многу висок ризик“ од аспект на Ковид-19, додека 20 од нив се во категоријата „со висок ризик“.
Моети нагласи дека 22 африкански земји се наоѓаат во категоријата „со среден ризик“, додека 4 земји се наоѓаат во категоријата „со низок ризик“.
Таа рече дека во повеќе африкански земји е забележан низок број на тестирање и вакцинација, и дека бројот на случаите соопштени во последниот месец не ја одразуваат вистинската бројка.
Инаку, во Африка досега се откриени над 4,5 милиони случаи на Ковид-19, додека над 121.000 лица починаа како последица на овој вирус.