Islam Doğru
25 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
ЊУ ЏЕРСИ (АА) - Во американската сојузна држава Њу Џерси, која по Њујорк е втора држава во Соединетите Американски Држави (САД) најтешко погодена од коронавирусот, бројот на заразени лица надмина 100.000, јавува Агенција Анадолија (AA).
Гувернерот на Њу Џерси, Филип Марфи, на прес-конференција изјави дека бројот на случаи вчера достигнал 102.106, додека во таа сојузна држава од коронавирусот починале 5.617 лица.
Њу Џерси со тоа стана втора сојузна држава во САД во којашто се регистрирани над 100.000 случаи.
Гувернерот Марфи, од друга страна, наведе дека бројот на хоспитализирани лица во болниците во државата е намален, додека во одредени области вирусот продолжил брзо да се шири.
„Особено во централните и јужните региони на државата вирусот и понатаму се шири, тоа не смееме да го дозволиме“, рече Марфи.