Islam Doğru
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ЊУЈОРК
Како последица на заразувањето со новиот тип коронавирус во САД починаа 593 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во САД секојдневно расте бројот на заразени и починати како последица на заразувањето со коронавирусот.
Универзитетот „Џонс Хопкинс“ соопшти дека во САД во последните 24 часа се утврдени нови 11.256 случаи, со што бројот на заразените е зголемен на 46.481. Во истиот период починаа уште 120 лица, со што вкупниот број на жртви е зголемен на 593.
САД се на трето место на земјите во кои се потврдени најмногу случаи на заразување. Повеќе случаи се потврдени во Кина (81.588) и во Италија (63.927).
Кога станува збор за сојузните држави во САД, влијанието на заразата со сигурност е најмногу видливо во Њујорк. Вчера во таа сојузна држава се потврдени 16.916 случаи на зараза, при што бројот денес изнесува 23.230. Од тој број само во градот Њујорк се потврдени 13.119 случаи.
По Њујорк следуваат Њу Џерси (2.844) и Вашингтон (2.221).
Најмногу смртни случаи се потврдени во Њујорк (188), а по него следуваат Вашингтон (111) и Калифорнија (43).