свет, Коронавирус

Русија со над 8.000 новозаразени со Ковид-19 во последните 24 часа

Во Русија во просек се спроведуваат 10 милиони тестирања месечно за откривање на вирусот во раните фази, кога е помалку пренослив и помалку опасен

Elena Teslova  | 30.05.2020 - Обновена : 31.05.2020
Русија со над 8.000 новозаразени со Ковид-19 во последните 24 часа

МОСКВА (АА) - Русија денес потврди 8.952 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на досега заразени во земјата достигна 396.575, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Во последните 24 часа во земјата како последица на вирусот починале 181 лице, со што бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата е зголемен на 4.555“, се вели во дневниот извештај на работната група за итни случаи.

Во истиот период, 8.212 пациенти се успешно излекувани, а вкупниот биланс на оздравени достигна 167.469.

Во Русија во просек се спроведуваат 10 милиони тестирања месечно за откривање на вирусот во раните фази, кога е помалку пренослив и помалку опасен.

Во земјата се користат два типа на тестови: полимеразна верижна реакција (PCR) за дијагностицирање на Ковид-19 и ензимско имуносорбентно испитување (ELISA) за откривање колку луѓе веќе биле изложени на вирусот и имаат антитела.

Досега над 9,3 милиони луѓе се тестирани со PCR-тестовите, додека другиот тест се применува од неодамна затоа што се смета дека треба да се користи откако ќе помине пикот на морбидитет.

Во вторникот, Владата соопшти дека ширењето на вирусот достигнало едно стабилно и контролирано ниво и почна да ги ублажува ограничувањата во земјата, а на сила ја задржа забраната за влез на странци во земјата.

Двајца високи руски службеници се лекуваат од коронавирусот, додека четворица се излекувани.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın