свет, Коронавирус

Расте бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 4.195 лица во Бразил, 603 во Мексико, 163 во Аргентина, 231 во Колумбија, 273 во Перу, 57 во Чиле, 26 во Костарика , 22 во Боливија, 59 во Парагвај и 45 во Уругвај

Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik  | 07.04.2021 - Обновена : 08.04.2021
Расте бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка

БОГОТА - Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 4.195 лица во Бразил, 603 во Мексико, 163 во Аргентина, 231 во Колумбија, 273 во Перу, 57 во Чиле, 26 во Костарика , 22 во Боливија, 59 во Парагвај и 45 во Уругвај.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 4.195 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот се зголеми на 336.947.

Бројката на починати во текот на последното деноноќие претставува највисока бројка на починати од почетокот на пандемијата во Бразил на дневна основа.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 86.979, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 13.100.580.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 11.558.784 лица претходно позитивни на Ковид-19.

- Мексико -

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 603 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 4.675 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 205.002 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.256.380, а досега оздравеа 1.795.213 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19.

Во исто време, Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 14. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина -

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 163 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 56.634. Во истиот период детектирани се 20.870 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.428.029.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.164.045 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 13. место во светот.

- Колумбија -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 231 лице, со што вкупниот број смртни случаи се искачи на 64.524.

Во последното деноноќие детектирани се 11.827 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 2.468.236. Во оваа земја досега оздравеа 2.336.356 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 273 лица од последици предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 4.872 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.598.593, од кои починаа 53.411 лица, а оздравеа над 1.518.776 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле -

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 57 лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 23.734.

Во истиот период регистрирани се нови 5.164 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.037.780, а оздравеа вкупно 972.645 лице претходно заразени со коронавирусот.

- Боливија -

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 22 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.498.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 276.890, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.366. Досега оздравеа 226.787 лица позитивни на коронавирусот.

- Парагвај -

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 59 смртни случаи како последица на Ковид-19, а детектирани се 2.073 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 224.736, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 4.522.

Досега оздравеа 185.131 лице позитивни на коронавирусот.

- Костарика -

Според вестите објавени во националните медиуми на Костарика, во последните 24 часа во оваа земја од последици на Ковид-19 животот го загубија 26 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 3.000.

Во истиот период детектирани се 1.690 лица позитивни на коронавирусот, вкупно 219.846, додека бројот на лица што го прележале Ковид-19 се искачи на 193.857.

- Уругвај -

Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 45 лица од последици на коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 1.190.

Во истиот период детектирани се 3.105 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 123.063 од почетокот на пандемијата.

Во Уругвај досега оздравеа 96.563 заразени со Ковид-19.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.