свет, Коронавирус

Поединци и институции поврзани со Кина, на Фејсбук основале мрежа за дезинформации

Кинескиот државен весник „Чајна дејли“ (China Daily), пишуваше дека Вилсон Едвардс, наводно „швајцарски биолог“, на својот профил на Фејсбук напишал: „Како биолог, изненаден сум од тоа колку е политизирано истражувањето за потеклото на Ковид-19.“

Emre Aytekin  | 02.12.2021 - Обновена : 03.12.2021
Поединци и институции поврзани со Кина, на Фејсбук основале мрежа за дезинформации Фото: Илустрација / АА

ПЕКИНГ

Американската компанија за социјални медиуми Фејсбук тврди дека на нејзината платформа поединци и институции поврзани со Кина создале мрежа за дезинформации со лажни профили, пренесува Агенција Анадолија (АА)

Во изјавата дадена од „Мета“, чадор-компанијата на Фејсбук, лажните профили, вклучително и сметката на фабрикуван „швајцарски научник“, го користеле „за ширење на тврдењето дека САД вршат притисок врз научниците да започнат нова истрага за потеклото на Ковид-19“.

Компанијата се воздржуваше од сугерирање дека мрежата е поврзана со кинеската Влада, но истакна дека некои вработени во кинески државни компании и државни медиуми работат на ширење неосновани наводи низ мрежата.

Во истрагата од Фејсбук се наведува дека се откриени врски помеѓу лажни профили и вработени во технолошка компанија во кинескиот град Ченгду, и некои кинески инфраструктурни компании кои работат во странство.

Во соопштението се наведува дека операцијата врз мрежата започнала со креирање на лажен профил во јули во име на „Вилсон Едвардс“, за кого се тврди дека е швајцарски биолог.

Потоа од тој профил се тврдеше дека „американските власти вршат силен притисок, па дури и им се закануваат на научниците да поддржат нова истрага за потеклото на вирусот“.

Неколку часа откако беше споделена, пораката почна да добива лајкови, споделувања и коментари од стотици лажни профили.

Во истата недела, кинеските државни медиуми ја цитираа пораката во своите информативни емисии исто како да ја споделил вистински научник.


- Цитирано од државните медиуми

Во написот во државниот весник „Чајна дејли“ (China Daily), пишуваше дека Вилсон Едвардс, наводно „швајцарски биолог“, на својот профил на Фејсбук напишал: „Како биолог, изненаден сум од тоа колку е политизирано истражувањето за потеклото на Ковид-19.“

Порталот „Шајн“ (Shine) на весникот „Шангај дејли“ (Shanghai Daily), кој е под контрола на Комунистичката партија, Вилсон Едвардс го претстави како европски биолог.

Како што пренесува порталот, биологот Вилсон Едвардс напишал:

„Постои загриженост дека советодавниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) за истражување на потеклото на патогените ќе се користи како ‘политичка алатка’ и дека САД се толку опседнати со напади кон Кина во врска со истражувањето за потеклото на вирусот што не се подготвени да ги отворат очите за вистинските податоци и наоди“.

Бен Нимо, кој ја водеше истрагата во име на „Мета“, рече: „Ова е искористено за антиамерикански дезинформации, како онлајн просторијата со огледала што постојано репродуција лажна слика.“


- Со изјавата од Швајцарија е откриено дека не постои таков научник

Мрежата за дезинформации првпат беше разоткриена на 11 август, кога швајцарските власти соопштија дека научник со име Вилсон Едвардс не живее во земјата.

Швајцарската амбасада во Пекинг во писмената изјава нагласи: „Во последните неколку дена бараме биолог по име Вилсон Едвардс, кој беше цитиран во кинеските медиуми и социјалните медиуми. Ако сте жив, би сакале да се сретнеме со Вас.“

„Поголема е веројатноста дека станува збор за лажни вести. Ги повикуваме кинеските медиуми и корисниците на интернет да ги отстранат вестите и објавите што се однесуваат на ова лице“, се додава во соопштението на Швајцарската амбасада во Пекинг.

Меѓу другото, во соопштението се нагласува дека во Швајцарија државјанин по име Вилсон Едвардс не е регистриран и дека нема академска студија објавена под такво име.

По предупредувањето од страна на Амбасадата, во медиумите се отстранети текстовите за „биологот“ Вилсон Едвардс.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.