Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
АНКАРА
Озлем Туреџи, една од основачите на компанијата „БајоНТех“, која разви вакцина против Ковид-19 во Германија, рече дека светот не треба да живее во страв од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Туреџи на програмата „Си-ен-би-си конверзејшн“ (The CNBC Conversation) се осврна на прашањата за епидемијата на Ковид-19 и за вакцината.
Нагласувајќи дека сега-засега Ковид-19 „почна да се контролира“, Туреџи рече дека „не треба да се живее со страв од епидемијата, коронавирусот ќе биде со нас уште неколку години“.
Озлем Туреџи, наведувајќи дека „БајоНТех“ постојано ги оценува новите варијанти на Ковид-19 и дека ќе се појават други варијанти, нагласи: „За сите моментално присутни варијанти, дозите за поддршка повторно го зголемуваат на високо ниво намалениот имунитет.“
Од друга страна, Туреџи истакна дека мора да ги набљудуваат варијантите и дека се подготвени да се приспособат на нова варијанта, во случај да се случи такво нешто.
Посочувајќи дека им се потребни повеќе податоци за да излезат од епидемијата на Ковид-19, Туреџи предвиде дека во иднина дозите за поддршка може да се даваат на секои 12 до 18 месеци.