Muhammed Emin Canik,Zehra Ulucak,Muhammet Nazım Taşcı
20 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) – Како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 1.206 лица, во Мексико 647, а во Индија 375 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на случаи со Ковид-19 во Бразил, втората најпогодена земја во светот од епидемијата, надмина 1 милион.
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа во земјата регистрирани се 54.771 случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се зголеми на 1.032.913.
Во изминатите 24 часа како последица на вирусот починаа 1.206 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 48.954.
Жариштето на Ковид-19 во Бразил е Сао Паоло, кој има 46 милиони жители.
Во Сан Паоло со Ковид-19 се заразени 211.658 лица, од кои 12.232 лица ја изгубиле борбата со вирусот.
По Сао Паоло, најмногу случаи се забележани во Рио де Жанеиро, каде што се заразени 93.378 лица, од кои 8.595 починале.
Бразил, кој воедно е и епицентар на заразата во Латинска Америка, стана втора земја во светот по бројот на заразени и починати од Ковид-19, по САД.
- Во Мексико од Ковид-19 во последните 24 часа починаа 647 лица -
Во Мексико во последното деноноќие регистрирани се 647 нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупниот број на починати изнесува 20.394.
Според Министерството за здравство на Мексико, бројот на случаи со Ковид-19 во земјата се искачил на 170.485, со зголемување од 5.030 во последните 24 часа.
Бројот на излекувани пациенти во земјата достигна 127.332.
Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е регистриран на 28 февруари, а првиот смртен случај од Ковид-19, на 19 март.
- Во Индија од коронавирусот во последните 24 часа починаа 375 лица -
Во Индија во последните 24 часа потврдени се 14.516 случаи на Ковид-19, а починаа 375 лица.
Според вестите на НДТВ (NDTV), Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани нови 14.516 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени со вирусот се зголеми на 395.048.
Од Министерството информираат дека од Ковид-19 во изминатите 24 часа починале 375 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 12.948.
Бројот на излекувани од Ковид-19 во земјата се искачи на 213.831, со пораст од 9.120 во последните 24 часа.
Според веб-страницата „Worldometer“, која ги прикажува податоците за Ковид-19 од земјите во светот, Индија е на четврто место со најголем број евидентирани случаи на Ковид-19.