Islam Doğru
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ЊУЈОРК
Последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 во САД починаа 1.203 лица со што вкупната бројка на смртни случаи како последица од заразенсот со новиот тип на коронавирус се зголеми на 82.010, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД која е земја најмногу погодена од Ковид-19, продолжува да биде епицентар на заразата и земја во која се потврдени најголем број смртни случаи.
Податоците на „Worldometer“, интернет страница на која се достапни последните епидемиолошки податоци во светот, се наведува дека во САД во последните 24 часа се детектирани 19.030 лица позитивни на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), со што бројот на заразени е зголемен на 1.388.137.
Во последните 24 часа од Ковид-19 почина 1.203 лице, со што вкупниот број на смртни случаи предизвикани од заразеност со овој вирус е зголемен на 82.010.
Од вирусот оздравеа 262.321 лица.
- Њујорк продолжува да е епицентар на заразата во САД
Њујорк е сојузна држава во САД која е најмногу погодена со заразата, а досега се детектирани 347.151 лица позитивни на Ковид-19, додека животот го загубија повеќе од 27.000 лица.
Следува Сојузната држава Њу Џерси со 141.137 позитивни случаи и Илиноис со 79.007 лица позитивни на Ковид-19.
Според бројот на заразени, по САД следуваат Шпанија (повеќе од 269 илјади) и Русија (повеќе од 232 илјади).