Riyaz Khaliq
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Австралија, Питер Датон изјави дека бил тестиран и дека е позитивен на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
На социјалната мрежа Твитер напиша дека се разбудил со болки во грлото и температура.
„Веднаш го контактирав Министерството за здравство во Квинсленд и бев тестиран на Ковид-19. Од здравството на Квинсленд е потврдено ова попладне дека тестот е позитивен“, напиша Датон.
Тој спаѓа во речиси 200-те потврдени случаи на зараза со коронавирус во Австралија.
Премиерот Скот Морисон денес објави забрана за масовни собири во земјата за да се спречи ширењето на вирусот.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, за првпат беше откриен минатиот декември во Вухан, Кина, но оттогаш се прошири во над 114 земји.
Според СЗО, од коронавирусот досега починаа над 4.600 лица, а во над 114 земји во светот се регистрирани над 125.000 потврдени случаи со вирусот.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија.