свет, Коронавирус

Латинска Америка: Ковид-19 причина за смртта на 1.316 лица во Бразил, 1.803 во Мексико

Од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 1.316 лица, 1.803 во Мексико, 142 во Аргентина, 395 во Колумбија, 117 во Перу, 108 во Чиле, 89 во Еквадор, 54 во Боливија и 46 во Гватемала

Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik  | 22.01.2021 - Обновена : 23.01.2021
Латинска Америка: Ковид-19 причина за смртта на 1.316 лица во Бразил, 1.803 во Мексико

БОГОТА (АА) - Во земјите на Латинска Америка повторно се зголемува бројот на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 1.316 лица, 1.803 во Мексико, 142 во Аргентина, 395 во Колумбија, 117 во Перу, 108 во Чиле, 89 во Еквадор, 54 во Боливија и 46 во Гватемала.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.316 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 214.147. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 59.119, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 8.697.368.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.580.741 лице што претходно биле позитивни на Ковид-19.

- Мексико -

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.803 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 22.339 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 146.174 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.711.283. Во оваа земја досега оздравеа 1.277.978 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина -

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 142 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 46.355. Во истиот период детектирани се 11.396 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.843.077.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.625.755 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.

- Колумбија -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 395 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 50.187.

Во последните 24 часа детектирани се 15.366 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 1.972.345. Во оваа земја досега оздравеа 1.801.134 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 117 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.388 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.082.907, од кои починаа 39.274 лица, а оздравеа над 997.285 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле -

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 108 лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 17.702.

Во истиот период регистрирани се нови 4.363 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 685.107, а оздравеа вкупно 642.004 лица претходно заразени со коронавирусот.

- Еквадор -

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 89 смртни случаи, вкупно 14.526 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 1.874 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 236.189. Досега во Еквадор оздравеа 199.332 лица кои биле позитивни на коронавирусот.

- Боливија -

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 54 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.648.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 196.393, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 9.818. Досега оздравеа 147.744 лица позитивни на коронавирусот.

- Гватемала -

Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 46 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 5.389. Во истиот период детектирани се 1.071 новозаразени, вкупно 152.395 од почетокот на заразата.

Досега во оваа земја оздравеа 136.980 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.