БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 695 лица во Бразил, 67 во Мексико, 621 во Аргентина, 570 во Колумбија, 146 во Чиле, 35 во Еквадор, 34 во Боливија, 101 во Парагвај, 37 во Гватемала и на 22 лица во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 695 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 525.112.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 22.703, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 18.792.511.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 17.151.673 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 67 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.805 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 233.689 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.541.873. Досега во оваа земја оздравеа 2.019.048 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 621 лице од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 96.521. Во истиот период детектирани се 17.277 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.552.750.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.175.856 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 8. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 570 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 109.466.
Во последното деноноќие детектирани се 25.366 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.375.861. Во оваа земја досега оздравеа 4.076.013 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 9. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 146 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 33.249.
Во истиот период регистрирани се нови 2.852 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.572.608, а оздравеа вкупно 1.517.303 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 35 смртни случаи, вкупно 21.695 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 507 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 462.649.
Досега во Еквадор оздравеа 431.404 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 34 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.394.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 446.362, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 16.985. Досега оздравеа 370.378 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 101 смртен случај како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1.141 лице позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 429.884, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 13.447.
Досега оздравеа 382.291 лице позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 37 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 9.498 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 522 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 302.534.
Досега во оваа земја оздравеа 269.908 лица што биле заразени со коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 22 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи достигна 5.711.
Во истиот период детектирани се 577 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 373.286 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 356.929 лица заразени со Ковид-19.