БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 874 лица во Бразил, 52 во Мексико, 348 во Аргентина, 535 во Колумбија, 140 во Перу, 121 во Чиле, 60 во Еквадор, 36 во Боливија, 96 во Парагвај и на 37 лица во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 874 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 461.931.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 43.520, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 16.515.120.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 14.912.744 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 52 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.307 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 223.507 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.412.810, а досега оздравеа 1.926.287 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 348 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 77.456. Во истиот период детектирани се 21.346 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.753.609.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.319.068 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 535 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 88.282.
Во последното деноноќие детектирани се 20.218 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.383.279. Во оваа земја досега оздравеа 3.101.390 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 140 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.729 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.955.469, од кои починаа 69.342 лица, а оздравеа над 1.905.433 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 121 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 29.168.
Во истиот период регистрирани се нови 7.772 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.377.507, а оздравеа вкупно 1.302.518 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 60 смртни случаи, вкупно 20.545 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.100 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 425.841.
Досега во Еквадор оздравеа 375.151 лице што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 36 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.760.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 368.474, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 14.471. Досега оздравеа 292.713 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 96 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.075 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 352.688, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 9.083.
Досега оздравеа 290.467 лица позитивни на коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 37 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 4.213.
Во истиот период детектирани се 3.329 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 291.488 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 250.049 заразени со Ковид-19.