БУЕНОС АИРЕС
Во земјите од Латинска Америка продолжува да се зголемува бројката на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 770 лице, во Мексико 671, во Аргентина 211, во Колумбија 176, во Перу 44, во Чиле 84 и 36 во Еквадор.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 770 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 179.765. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 53.347, со што вкупниот број на позитивни на коронавирусот се зголеми на 6.781.799.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 5.931.777 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 671 лице заразени со коронавирусот, а детектирани се 11.897 новозаразени.
Во Мексико со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 112.326 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.217.126. Во оваа земја досега оздравеа 896.130 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 211 лице од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 40.431. Во истиот период детектирани се 6.994 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.482.216.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.318.187 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 10. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 176 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 38.484.
Во последните 24 часа детектирани се 7.778 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 1.399.911. Во оваа земја досега оздравеа 1.296.420 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 44 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.799 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 979.111, починаа 36.499 заразени, а оздравеа 914.600 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 84 лица од вирусот Ковид-19, а детектирани се 1.662 новозаразени.
Во Чиле со популација од над 19 милиони жители, бројката на починати од Ковид-19 изнесува 15.774, вкупната бројка на заразени се искачи на 566.440, додека оздравеа 540.288 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 36 смртни случаи, вкупно 13.850 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период се детектирани 1.151 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 200.379. Досега во Еквадор оздравеа 174.188 кои биле позитивни на коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
