свет, Коронавирус

Ковид-19 во земјите на Латинска Америка: 910 починати во Бразил, 450 во Мексико

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 910 лица во Бразил, 450 во Мексико, 135 во Аргентина, 291 во Колумбија, 82 во Чиле, 52 во Парагвај и 50 во Гватемала

Sinan Doğan  | 01.08.2021 - Обновена : 03.08.2021
Ковид-19 во земјите на Латинска Америка: 910 починати во Бразил, 450 во Мексико

БОГОТА 

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за смртта на голем број лица во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 910 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 556.370.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 37.582, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 19.917.855.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 18.619.542 лица претходно позитивни на Ковид-19.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 450 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 18.809 новозаразени.

Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 240.906 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.848.252. Досега во оваа земја оздравеа 2.215.884 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е 4. земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.

Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 16. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.


- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 135 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 105.721. Во истиот период детектирани се 10.356 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.929.764.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.569.552 лица заразени со коронавирусот.

Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 8. место во светот.


- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 291 лице, со што вкупниот број смртни случаи достигна 120.723.

Во последното деноноќие детектирани се 9.029 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.785.320. Во оваа земја досега оздравеа 4.578.519 лица заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 9. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.


- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 82 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 35.448.

Во истиот период регистрирани се нови 1.152 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.615.771, а оздравеа вкупно 1.570.492 лица претходно заразени со коронавирусот.


- Парагвај

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 52 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 303 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 452.388, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 14.981.

Досега оздравеа 420.031 лице позитивни на коронавирусот.


- Гватемала

Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 50 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 10.339 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 2.956 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 368.484.

Досега во оваа земја оздравеа 321.832 лица што биле заразени со коронавирусот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.