Yusuf Özcan
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
ПАРИЗ
Постои можност дека во Франција со коронавирусот (Ковид-19) се заразени близу три милиони луѓе, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот Пастер, јавува Агенција Анадолија (АА).
Резултатите покажуваат дека постои можност дека во таа земја на денот 11 мај се заразени 2,8 милиони луѓе.
Од заразувањето, сметаат научниците, најмногу се погодени Ил де Франс, чиј дел е и Париз каде постои можност да се заразени 9,9 отсто од популацијата и гранд-Ест, каде постои можност да се заразени 9,1 отсто од популацијата.
Кажано е дека е потребно околу 65 отсто од населението да биде имуно за да заразувањето се стави под контрола. Истовремено, се наведува и дека за спречувањето на вториот бран на заразувањето нема да биде доволен само имунитетот, туку дека е потребна и вакцина.
Благодарејќи на мерките преземени во земјата стапката на преносење на вирусот од човек на човек намалена е од 2,9 на 0,67 отсто.
Според официјалните податоци, во Франција од Ковид-19 починаа 27.074 луѓе, додека бројот на заразените е зголемен на 214.169.