Burak Bir
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Илјадници луѓе се собраа синоќа во Тел Авив во знак на протест против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите на плоштадот „Рабин“ се собраа да го отфрлат обидот на Нетанјаху да префрли поголема моќ врз управувањето со ситуацијата со вирусот Ковид-19 во негови раце, според весникот „Једиот Ахронот“ (Yedioth Ahronoth).
Весникот наведува дека за време на протестот демонстрантите ги почитувале правилата за физичка дистанца.
Бројот на случаи со коронавирус во Израел надмина 15.000, додека билансот на починати се приближи до 200.
Откако за првпат се појави во Кина минатиот декември, коронавирусот Ковид-19 се прошири во околу 200 земји и региони во светот. Европа и САД во моментов се најтешко погодени подрачја.
Пандемијата досега зеде над 202.300 животи низ целиот свет, со вкупно близу 2,9 милиони заразени, додека излекувани се над 814.000 пациенти, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.