свет, Коронавирус

ЕУ: Можна е целта за вакцинација на 70 отсто од полнолетната популација до крајот на јули

Портпаролот на ЕУ, Стефан де Керсмекер, изјави дека досега 55 отсто од полнолетната популација на ЕУ примиле една доза од вакцината против коронавирусот, додека втората доза од вакцината ја примиле 32 отсто од населението

Selen Temizer  | 21.06.2021 - Обновена : 25.06.2021
ЕУ: Можна е целта за вакцинација на 70 отсто од полнолетната популација до крајот на јули

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (АА) - Властите на Европската Унија соопштија дека до крајот на наредниот месец ќе можат да ја остварат целта и во рамките на вакцинацијата против Ковид-19 да вакцинираат 70 отсто од полнолетната популација, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на ЕУ, Стефан де Керсмекер, изјави дека досега 55 отсто од полнолетната популација на ЕУ примиле една доза од вакцината против коронавирусот, додека втората доза од вакцината ја примиле 32 отсто од населението.

„Земајќи ги предвид вакцините со кои моментално располага Европската Унија и програмата на испорака, можеме да кажеме дека е остварлива целта за вакцинација на 70 отсто од полнолетното население во јули. ЕУ доби нова испорака од 357,7 милиони дози вакцини“, изјави Керсмекер.

Тој рече дека 310,7 милиони дози од таа нова испорака веќе се дистрибуирани и евидентирани за употреба во земјите на Унијата.

Тој нагласи и дека во Европската Унија неделно се вакцинираат во просек по нешто повеќе од 25 милиони луѓе и додаде дека Брисел работи на тоа да се намалат разликите меѓу членките кога станува збор за спроведување на планот за имунизација.

Европската агенција за лекови (ЕМА) досега ја одобри употребата на четири вакцини против коронавирусот, и тоа оние што доаѓаат од компаниите „БајоНтек-Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın