Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan
05 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа како последица на Ковид-19 во Бразил починаа 694 лица, во Мексико таа бројка изнесува 690, во Аргентина 209, во Колумбија 162, во Перу 91, во Чиле 39 и 84 во Еквадор.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 694 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 175.964. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 46.884, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 6.533.968.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 5.744.369 лица позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 690 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 12.127 новозаразени.
Досега во оваа земја се регистрирани 108.863 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.156.770. Досега оздравеа 852.719 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 209 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 39.512. Во истиот период детектирани се 6.899 новозаразени, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.454.631.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.281.955 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 162 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 37.467.
Во последните 24 часа детектирани се 9.285 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 1.352.607. Во оваа земја досега оздравеа 1.240.990 заразени со Ковид-19.
Колумбија, со популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 91 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.014 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 970.860, починаа 36.195 заразени, а оздравеа 903.958 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 39 лица од вирусот Ковид-19, вкупно 15.558 од почетокот на епидемијата во земјата.
Во истиот период детектирани се 1.729 новозаразени, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 557.135, додека оздравеа 531.543 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 84 смртни случаи, вкупно 13.696 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 598 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 196.482. Досега во Еквадор оздравеа 169.804 лица што биле позитивни на коронавирусот.