Abdullah Aşıran
25 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
РОТЕРДАМ (АА) – Во Холандија во изминатите 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 120 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 4.409, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државниот институт за здравство и животна средина, поврзан со Министерството за здравство, ги ажурираше информациите за Ковид-19 во земјата.
Според најновите податоци, бројот на лица што се лекуваат во болниците во земјата е зголемен за 100 во последните 24 часа, со што вкупната бројка на пациенти се зголеми на 10.381.
Во оваа земја евидентирани се нови 655 случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, зголемувајќи ја вкупната бројка на дијагностицирани на 37.190.
Бројот на луѓе што починаа поради коронавирусот се зголеми за 120, со што бројката се искачи на 4.409.