свет, Коронавирус

Во Франција од Ковид-19 досега починаа над 29.000 лица

Во земјата во последните 24 часа регистрирани се 81 смртен случај од вирусот

Yusuf Özcan  | 03.06.2020 - Обновена : 04.06.2020
Во Франција од Ковид-19 досега починаа над 29.000 лица

ПАРИЗ (АА) - Бројот на починати лица од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Франција се искачи на 29.021 лицe, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите соопштени од Институтот за јавно здравје на Франција, во последните 24 часа во земјата се дијагностицирани 253 нови случаи со вирусот, со што бројката на заразени се искачи на 189.082.

Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 13.514 лица, од кои 1.210 се наоѓаат на интензивна нега. Веќе 56 дена по ред бројот на пациентите кои се лекуваат на интензивна нега се намалува.

Од Ковид-19 се излекувани уште 668 лица, со што вкупната бројка на оздравени од овој вирус се искачи на 69.455.

Во последните 24 часа починаа 81 лица поради Ковид-19, со што вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 29.021.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın