Турција, Коронавирус

Во Турција од Ковид-19 оздравеа 129.921 лице

- Во изминатите 24 часа во Турција од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид1-9) оздравеа 786 лица, а 22 лица ги загубија животите

Yıldız Nevin Gündoğmuş  | 02.06.2020 - Обновена : 03.06.2020
Во Турција од Ковид-19 оздравеа 129.921 лице

АНКАРА

Во изминатите 24 часа во Турција од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид1-9) оздравеа 786 лица, а 22 лица ги загубија животите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците објавени на интернет страницата на турското Министерство за здравство, кои насоцијалната мрежа Твитер ги објави и Министерот Фахретин Коџа, денес во Турција се извршени 32.325 тестирања на Ковид-19. При извршеното тестирање 786 лица биле позитивни на тестот.

Во последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус починале 22 лица, а 974 оздравеле.

Досега во Турција се спроведени 2.103.044 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број на лица позитивни на новиот тип на коронавирусот е зголемен на 165.555, додела од последици на заразеност со коронавирусот досега животот го загубија 4.585 заразени.

На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 633 пациенти, а на респиратори се врзани 271. Бројот на вкупно оздравени лица изнесува 129.921.


- „Подоброто почитување на мерките носи подобри резултати“

Министерот Коџа на социјалната мрежа Твитер зборуваше за пандемијата на новиот тип на коронавирус во Турција.

„Во земјата се извршени над 2,1 милион тестирања. Досега оздравеа речиси 130.000 заразени. Сѐ помалу се чувствува потребата за поддршка од интензивната нега. Резултатите во наредните денови ќе зависат од почитувањето на хигиенските мерки, носењето маски и одржувањето на социјалната дистанца. Подоброто почитување на мерките носи подобри резултати“, порача министерот Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.