Muhammet Nazım Taşcı
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
АНКАРА
Податоците на интернет-страницата „Worldometer“, на која се достапни информациите за епидемиолошката состојба во светот, покажуваат дека од Ковид-19 се излекуваа 2.510.356 лица.
Десет земји со најмногу излекувани се САД - 490.130, Шпанија - 196.958, Бразил - 166.647, Германија - 162.800, Русија - 150.993, Италија - 147.101, Турција - 122.793, Иран - 111.176, Кина - 78.288 и Индија - 67.753.
Новиот тип на коронавирус кој изби во Кина, во многу краток временски период се прошири на повеќе од 200 земји и региони низ светот.
Во светот со новиот тип на Ковид-19 се заразени 5.807.012 лица, а како последица на вирусот починаа 357.800 лица.