Emel Gözellik
10 Септември 2020•Ажурирај: 11 Септември 2020
АНКАРА
На светско ниво бројката на лица позитивни на Ковид-19 ја надмина бројката од 28 милиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-сајтот „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус во земјите од светот, досега позитивни на Ковид-19 се 28.025.252 лица.
Земја со најголем број на лица кај кои е детектиран коронавирусот е САД со 6.549.475 заразени.
Првите 10 земји во светот со најголем број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 по САД се:
Индија (4.465.863), Бразил (4.199.332), Русија (1.041.007), Перу (702.776), Колумбија (686.856), Мексико (647.507), Јужноафриканска Република (642.431), Шпанија (543.379), Аргентина (512.293) и Чиле (427.027).
Бројката на лица кои се позитивни на новиот тип коронавирус во Турција изнесува 284.943.
Откако коронавирусот за првпат се појави во кинескиот град Вухан, за кусо време се прошири во повеќе од 200 земји и региони од светот. Досега од последици предизвикани од заразување со Ковид-19 на светско ниво животот го загубија 908.050 илјади лица.
Досега оздравеа 20.103.536 лица претходно позитивни на коронавирусот, додека во тек е лекувањето на 7.013.716 активни случаи.