свет, Коронавирус

Во светот администрирани над 1,18 милијарди дози од вакцините против Ковид-19

Во Турција, која е на седмо место во светот според вкупниот број дадени вакцини, бројот на вакцинирани на 100 лица изнесува 27,62

Fuat Kabakcı  | 05.05.2021 - Обновена : 06.05.2021
Во светот администрирани над 1,18 милијарди дози од вакцините против Ковид-19

АНКАРА - Кина е земја со дадени најголем број вакцини во светот, 279.900.000, по која следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со 246.780.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците што ги објави интернет-страницата „Ourworldindata.org“, Индија е следна со 156.080.000, потоа Велика Британија со 50.090.000, Бразил со 43.960.000, Германија со 30.150.000, Турција со 24.012.000, Франција со 22.410.000, Италија со 21.160.000, Индонезија со 20.170.000, Русија со 20.110.000, Мексико со 18.470.000, Шпанија со 17.130.000, Чиле со 14.850.000, Канада со 14.50.000, Полска со 12.000.000, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) со 10.670.000 и Израел со 10.470.000 дози од вакцините против Ковид-19.

Сејшелите се земја во која се дадени најголем број дози вакцини на 100 луѓе според популацијата на земјата. На Сејшелите, каде што бројот на примени дози го надмина бројот на населението во земјата, бројот на дози на 100 лица изнесува 128,98.

- Турција е седма земја според бројката на дадени вакцини -

Според податоците на Министерството за здравство на Турција, досега во земјата се дадени 24.012.472 дози на вакцини против Ковид-19.

Во Турција, која е на седмо место во светот според вкупниот број дадени вакцини, бројот на вакцинирани на 100 лица изнесува 27,62.

Првата доза вакцина им е дадена на 14.237.187 лица, а втората доза ја примија 9.775.285 лица.

- Јаз во односот север-југ -

Во дистрибуцијата на вакцини по континенти, азискиот континент се наоѓа на првото место со 558.480.000 вакцини, а по него следуваат Северна Америка со 284.880.000 и Европа со 232.620.000.

Континентите и регионите на јужната хемисфера заостануваат зад оние на северот.

Во Јужна Америка се дадени 78.110.000 дози вакцина, во Африка 18.800.000, додека во Океанија таа бројка изнесува 2.570.000.

Вакцините против Ковид-19 кои до денес се користат или пак се дозволени за употреба во итни случаи, освен една од нив, се даваат во две дози зашто е потребно да помине одреден период за аплицирање на втората доза. Затоа, бројката на дадени дози не се совпаѓа со бројката на вакцинирани лица.

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) се прошири во повеќе од 200 земји и региони и се претвори во глобална епидемија.

Според интернет-страницата „Worldometer“, која ги објавува податоците за случаите на Ковид-19 во земјите низ светот, вкупната бројка на лица заразени со коронавирусот надмина 154.998.000 лица, додека повеќе од 3.241.000 луѓе починаа од последиците предизвикани од вирусот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın