Emre Aytekin
11 Септември 2020•Ажурирај: 12 Септември 2020
АНКАРА
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.209 лица во Индија, 922 во Бразил и 554 во Мексико, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија објави дека во последното деноноќие поради Ковид-19 животот го загубиле уште 1.209 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати од коронавирусот на 76.271.
Во последните 24 часа во Индија се детектирани 96.551 лице позитивни на коронавирусот, највисока бројка на новозаразени во Индија и во исто време претставува највисока бројка на лица позитивни на Ковид-19 во една земја на дневно ниво во светот.
Од почетокот на септември досега во Индија секојдневно се регистрира зголемување на бројката на новозаразени, при што, вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот достигна 4.562.415.
Во Индија која брои население од 1,3 милијарда досега оздравеа 3.542.663 претходно заразени со Ковид-19.
Според податоците што ги објавува интернет-сајтот „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројката на регистрирани случаи на заразување со коронавирусот, а трета според бројката на починати.
- Бразил
Според податоците што ги соопшти Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа животот го загубиле уште 922 лица како последица на заразување со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 129.575, додека вкупната бројка лица позитивни на коронавирусот изнесува 4.239.763, од кои 40.431 се новозаразени.
Во Бразил досега оздравеа 3.497.337 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа бројката на починати како последица на заразување со коронавирусот изнесува 554, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 69.649.
Во истиот период во Мексико се регистрирани 4.857 нови случаи на заразување со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 652.364.
Досега во Мексико оздравеа 458.850 лица кај кои претходно е детектиран Ковид-19.